ДОБРИ ВЕСТИ за Вардар: Се врати бомбардерот Горига

Новиот тренер на Вардар, Гиљермо Милано го пречекаа добри вести на првот меч на кој тој седи на клупата на Вардар. Во тимот повторно е деноракиот Димитро Горига, кој досега беше повреден. Тој неколку седмици не тренираше поради повреда на шутерската рака, но сега се појави на дуелот со Струга и во првите напади постигна гол.

Со Горига на десен бек Вардар беше многу опасен во подготвителниот период, но во септември се повреди. Ги пропушти важните дуели од Лига Европа, но сеа врати навреме за средбите од домашното првенство.

Со мечот против Струга завршува првиот дел од регуларниот дел на првенството, а веќе следната недела „црвено-црните“ се домаќини на градскиот ривал до Автокоманда. На првиот меѓусебен дуел триумфираа сините со 33-30.