Средниот бек на Охрид, Ловро Јотиќ, кој се повреди на дербито против Еурофарм Пелистер, нема сериозна повреда.
На четири минути пред крајот на првото полувреме, Јотиќ заработи повреда на коленото при еден напад и беше изнесен од теренот со помош на соиграчите.
По прегледите, добрата вест е дека повредата не е сериозна и дека искусниот ракометар ќе може да се врати на теренот за брзо.
Тоа значи дека Јотиќ со сигурност ќе го пропушти натпреварот против Вардар во Скопје и против тимот на Кире Лазаров во Охрид.
Сепак, за тренерот Стевче Алушовски, ова е добар сигнал, бидејќи повредата на Јотиќ не е таква каква што се стравуваше на почетокот.
Иако неговото отсуство ќе се почувствува на овие два дерби дуела, тимот ќе даде сѐ од себе за да ја оствари посакуваната цел.