Јанус Смарасон, кој се повреди на натпреварот од унгарскиот шампионат против Татабања, го избегна најлошто.
Иако се чинеше дека исландскиот репрезентативец ги скина лигаментите, сепак мина само со повреда на коленото.
Предните вкрстени лигаменти не се скинати и тој ќе паузира најмалку до Нова Година, што значи дека ќе го пропушти Европското првенство.
Ова значи дека селекторот на Исланд, Снори Гудјонсен ќе мора да бара други варијанти за плејмејкерската позиција.
Добрата вест е што Смарасон ќе биде подготвен за настапи за ПИК Сегед во вториот и клучен дел од сезоната во домашното првенство и унгарскиот шампионат.
🎥 Кошмар за Сегед – загуби од Татабања, но го загуби и Смарасон!