Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер по три месеци заминува од унгарскиот тим Плер Будимпешта.
Левиот бек, кој со Германија стана европски шампион во 2016 година, иако имаше добри настапи во Унгарија, сепак добил понуда што не може да ја одбие.
Тој побара и доби раскин на договорот што го имаше со Плер Будимпешта, а наскоро ќе биде познат неговиот нов клуб.
Дисингер по настапите за Кил, играше за Атлетико Мадрид и Кадетен Шафхаузен, беше дел од Вардар, кога македонскиот тим се искачи на европскиот врв во 2019.
Потоа замина во романскиот првак Динамо Букурешт, па играше и за катарскиот Ал Духаил, каде се задржа помалку од една сезона.