Унгарскиот тим Татабања ќе има големи играчки промени ова лето и ќе остане без дел од лидерите на теренот.
Татабања не ги оствари амбициите оваа сезона, иако играше во групната фаза од Лигата на Европа и се пласира во главната рунда.
Екс вардарецот Кристијан Дисингер ќе побара нова средина, по една сезона помината во унгарскиот клуб.
Покрај него заминуваат и екс пелистерецот Матео Мараш, кој се сели во ПСЖ, како и Ласло Бартуц (Мелсунген), Атила Радвански, Саду Нтанзи, Југа Енамото (Војводина), Милан Голубовиќ…