Динамо Панчево со десет засилувања доаѓа на турнирот во Охрид

Тимот на Динамо Панчево е меѓу најактивните на трансферот пазарот во Србија. Последно меѓу новите имиња и поранешниот младински српски репрезентативец, Марко Тасиќ.

Тој доаѓа од Војводина, а беше дел од ЕП во Португалија пред две години, кога Србија освои бронза и беше прогласен за најдобар дефанзивец во Ол Стар тимот.

Левиот бек претходно играше за Црвенка и Дубочица Лесковац, а во Динамо ќе им се придружи на поранешните соиграчи од младинската репрезентација, Вељко Чабрило, Никола Стаменковиќ и Бошко Станисављевиќ.

Динамо Панчево, кој ќе биде учесник на третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, ова лето врти нов лист и не носи ветерани и повратници од странство, туку млади и талентирани ракометари.

На кормилото на клубот ќе биде младиот Никола Јаневски, кој доаѓа на местото на Драган Марковиќ, кој се пресели во Тиквеш. Пред Тасиќ, Динамо Панчево го донесе средниот бек Лео Фејеш од Црвенка, десното крило Урош Колунџиќ од Црвена Ѕвезда, десните бекови и Страхиња Илиќ од Нови Београд и Бошко Станисављевиќ од Раднички, екс пивотот на Струга – Богдан Ѓуровиќ, левите крила Сократис Харитонидис од Грција и Ѓорѓе Ранчиќ од Југовиќ Каќ, левиот бек Ненад Чавиќ од Војводина, како и голманот Леон Челекетиќ од Славија Нови Сад.

Динамо Панчево, покрај Партизан и Металопластика, ќе биде дел од Европскиот Куп и ќе настапува и на меѓународна сцена.