Динамо го промовира Переира – донесе и две засилувања

Романскиот шампион Динамо Букурешт го промовираше новиот тренер Пауло Переира, кој доаѓа од словенечкиот Целје.

Португалскиот селектор прави камбек во Романија и по ЧСМ Букурешт, сега ќе го води големиот ривал Динамо.

Покрај Переира, романскиот шампион промовираше и две засилувања – левиот бек Андреј Бузле и десното крило Јонут Нестор.

Бузле играше за Барселона од 2017 до 2019, потоа за Баја Маре, Гранољерс, па за Констанца во последната сезона.

Нистор беше член на Таргу Жиу, а од 2017 година игра за Констанца, која има големи финансиски проблеми.