Романскиот шампион Динамо Букурешт славеше кај Бузау со 30-24 во четвртото коло од домашното првенство.
Ова е четврта победа на четвртиот натпревар во новата сезона за момците на Давид Дејвис и во победничка атмосфера ќе го пречекаат Еурофарм Пелистер в четврток во Лигата на шампионите.
Дејвис ја распредели минутажа кај повеќето ракометари, а голманот Владимир Цупара цел меч го преседе на клупата.
Најдобри стрелци беа Миклош Рошта со шест гола, а пет погодоци постигна Никушор Негру, додека четири пати стрелаше Дарко Ѓукиќ.
Натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Еурофарм Пелистер се игра в четврток од 18:45 часот.