Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски од лето ќе има нов предизвик во кариерата, дознава 24Ракомет.
Тој по три сезони ќе си замине од шпанскиот Ваљадолид, каде што беше меѓу најдобрите ракометари. За неговите услуги веќе има интерес од Шпанија и Франција, а не е исклучен ниту камбек во Македонија.
Под палката на Давид Писонеро, Димитриоски го имаше првото интернационално искуство по заминувањето од Македонија и прикажуваше одлични партии во Асобал лигата.
Левото крило, кое одлично се снаоѓа и на средната бековска позиција во Македонија беше дел од Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер 2.
Во тековната сезона во Асобал лигата, клубот на Димитриоски, каде што игра и Мартин Карапалевски, се наоѓа на осмата позиција со 16 бодови, но со одлични шанси да се избори за место во европските купови.