Тимот на Ваљадолид каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, по три меча запиша победа во Асобал лигата.
По реми дуелите со Куенка и Ла Риоха, како и поразот од Пуенте Хенил, Ваљадолид на домашен терен славеше против Виља де Аранда со 37-26.
Триумфот беше најавен уште по првиот дел, кога избраниците на Давид Писонеро водеа со 17-13, а во второто полувреме комплетно го надиграа ривалот.
Димитриоски беше меѓу најдобрите стрелци и успеа да постигне четири погодоци од пет обиди, додека Карапалевски реализираше еднаш.
Ваљадолид сега има 11 бода и се наоѓа на делба на петтото место, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај големата Барселона.