Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски имаше победничко деби за новиот клуб Хорнео Аликанте.
Димитриевски и Хорнео Аликанте во натпревар од првото коло од Втората шпанска лига за ривал го имаа Ланзароте.
Тимот на Димитриевски одигра одлично и заслужено дојде до висок триумф од седум гола разлика, 30:23.
Македонецот беше меѓу подобрите во победничката екипа и во својот деби настап успеа да постигне три погодоци.