Димитриевски со петка против екс клубот во Шпанија

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски продолжува со солидните настапи за тимот на Хорнео Аликанте.

Димитриевски и неговите соиграчи во натпревар од 5. коло од Втората лига во Шпанија за ривал го имаа Синфин, кој триумфираше со 38:35.

Велешанецот против својот поранешен клуб одигра на ниво и успеа пет пати да се запише во листата на стрелците.

За тимот на Димитриевски ова беше прв сезонски пораз, но и покрај загубените два бода, Хорнео Аликанте останува на лидерската позиција.