Димитриевски и Аликанте со победнички крај во Асобал лигата

Тимот на Аликанте, каде што игра македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, имаше победнички крај на полусезоната во Асобал лигата.

Аликанте славеше на гостински терен кај составот на Уеска со 32-20, во натпревар од 15 коло во шпанскиот шампионат.

Димитриевски покрај стандардно добрата партија во одбраната, успеа да постигне два гола во противничката мрежа.

Аликанте досега запиша шест победи, од кои три во последните четири меча, а има и девет порази оваа сезона што е доволно за 9 место на табелата.

2026 година, Аликанте и Димитриевски ќе ја започнат со гостување кај Барселона.