Димитар Узунчев во ТОП 10 стрелци на Мундијалот во Полска

Машката репрезентација на Македонија со три порази во групната фаза оди во разигрување за пласман од 17 до 32 место.

Во ТОП 10 стрелци по групната фаза се најде десниот бек Димитар Узунчев, кој досега постигна 23 погодоци на трите меча или 7,3 во просек, што е доволно за шестото место.

Најмногу постигна против Исланд – десет, на Романија и даде седум погодоци, додека против Фарски Острови беше прецизен шест пати.

Македонија ја очекуваат две средби од разигрувањето. Утре од 11:45 часот против Мароко, додека задутре ќе играме против Мексико од 14:00 часот во „Арена Катовице“.