Организаторот на играта, Димитар Ѓеоргиевски, ја продолжи верноста кон Бутел Скопје за уште две сезони и ќе остане најмалку до 2027 година.
Тој е заедно со Бутел Скопје уште од формирањето на клубот и со одработувањето на новиот договор ќе комплетира една деценија.
Претходно и тренерот Горан Кузманоски ја продолжи соработката со Бутел Скопје, а допрва ќе бидат промовирани новите засилувања.
Од екипата заминаа петмина ракометари – Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Бојан Блажески, Кристијан Давитковски и Христијан Милошески.