Димевски верен на Куманово, потпиша нов договор

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Димевски, по завршување на СП за младинци во Полска, потпиша нов договор со Куманово.

Тој се обврза на нова едногодишна верност со тимот на Куманово, со можност да биде продолжен за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.

Еден од носителите на играта од мината сезона на Куманово истакна задоволство од продолжената соработка со тимот од неговиот град од каде потекнува и живее.

„Задоволен сум што ја продолжив соработката со Куманово затоа што навистина една од моите големи желби е да настапувам дресот кој го представува градот кај сум роден живеам и потекнувам. Се надевам дека оваа година ќе успееме да се пласираме помеѓу најдобрите шест екипи и ќе се бориме за место и излез во Европа“, изјави Димевски.

Покрај новиот тренер Аце Станковски, Куманово претходно ги ангажираше десното крило Александар Стојков, левите бекови Виктор Трифуноски и Тоше Ончев, а нови договори беа потпишани со Гиљерме Фернандез и со Христијан Крстаноски.

Договорена е нова соработка со средниот бек од Хрватска, Лука Матачиќ, па Куманово ќе има добар тим со кој ќе може да атакува на плеј-офот.