Димевски и Мораис искомбинираа 19 гола, Куманово славеше над Радовиш

Екипата на Куманово дојде до трет сезонски триумф во Супер лигата, откако во натпревар од 11. коло на свој терен славеше против повратникот Радовиш, триумфираше со 30:26 и го зголеми бодовното салдо, сега има шест бода на свое конто.

Домаќинот тргна одлично, поведе со 3:0 во воведните пет минути, потоа имаше предност од плус четири, 5:1, а гостите заиграа поангажирано кон средината на првиот дел и не дозволуваа ривалот да ја зголеми предноста.

Во 20 минута домаќините имаа предност од 11:8, а пет минути подоцна, односно во 25 минута, предноста на избраниците на Димковски беше 12:10. Гостите имаа напад за да дојдат до минус еден, но домаќинот во завршниот дел од првите 30 минути одигра цврсто во одбраната и на пауза замина со предност од 15:12.

Куманово во вториот дел константно беше во водство и како одминуваше времето, така гостите потешко доаѓаа до реализација.Веќе при предност на Куманово од 24:18 во 45 минута, јасно беше дека Радовиш ќе има тешка задача за да ја преполови негативата.

Најефикасен во победничката екипа беше младинскиот репрезентативец Давид Димевски со 11 гола, а го следеше Бразилецот Винициус Де Соуза Мораис со три помалку – осум. Кај Радовиш се истакнаа искусните Здравко Постолов со шест и Славе Јанковски со пет гола.

Куманово во следното, 12. коло пред својата публика ќе го пречека Бутел, кој денеска игра со Пролет. Радовиш следниот викенд ќе гостува кај Охрид.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186