Тимот на Овче Поле ја забележа првата победа во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеше дома против Македонија Ѓорче Петров со 22-16.
Во првото полувреме имаше повеќе грешки на двете страни, па домашните имаа само три гола предност, 9-6.
Во вториот дел гостите во неколку наврати намалија на минус два гола, но немаа сили во финишот за нешто повеќе.
Домашниот тим беше предводен од Иван Димчевски со седум гола, а шест за гостинската екипа постигна Максимилијан Ѓиноски.