Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер оствари голема победа во Лигата на шампионите, откако со 25-24 го надигра ПИК Сегед. Ова е втора победа на битолчани сезонава во ЛШ, со што сега имаат 4 бода. и се на чекор да ги стигнат и ГОГ, ПСЖ и ПИК Сегед кои се на делба на 4 место со 6 бода. Првите 6 екипи одат во осминафиналето на ЛШ.
Заслужено „зелените“ се радуваа на триумфот, имаа водство од самиот почеток, ја надминаа кризата во второто полувреме, и имаа нерви кога требаше да се направи решавачккиот напад. Битола ја оправда довербата дека тука се игра „мечот на колото“ во лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер со 11-8 замина на одмор по првиот дел, најавувајќи борба до крај за победа.
Иако унгарскиот тим допатува како фаворит, цели десет минути не можеа да постигнат гол во Битола, а домаќините водеа со 5-0. Предноста од „плус 5“ ја имаа домашните ракометари и во 23 минута кога водеа со 10-5.
Само што почна второто полувреме Унгарците намалија 11-9, а потоа Еурофарм Пелистер пак дојде до оние „плус 3“ за водство 12-9. Но, ПИК Сегед веќе беше „забревтан“ па разликата од два гола брзо ја анулираше израмнувајќи првпата на натпреварот, 12-12.

Потоа почна неизвесноста и „резултатската клацкалка“ со која резултатот беше, час н аедната, час на другата страна во позитива. Сега и ПИК Сегед веќе правеше предност, а Еурофарм Пелистер ја стигнуваше, а и тогаш кога пелистерци ќе поведеа, гостите израмнуваа.
Во последните девет минути Еурофарм Пелистер вечезе во предност од 21-20, по што гостинскиот тренер побара тајмаут. Нападот на гостите го сопре Никола Митревски, кој вечерва заедно со неговиот колега имаа „свој ден“. Нејц Цехте на спротивната страна зголеми на 22-20 во 54 минута.
Со играч помалку ПИК Сегед лесно намали на „еден гол негатива“ и остануваа уште шест минути до крајот на мечот. Премногу лесно битолчани ја загубија топката во наапд, овозможувајќи им на гостите на погодат „празен гол“ и да израмнат, 22-22. Последните пет минути од средбата требаше да покажат кој има поголем адут во ракавот, кој е посмирен и кој има поединци што можат да решат вакви натпревари.

Готфидсон покажа зошто е меѓу најдобрите играчи во светот, со акција “7 на 6“ од која му донесе водство на својот тим, но Пешевски брзо возврати, за ново израмнување, 23-23.
Глеб Калараш му донесе нова предност на унгарскиот тим, на 2,5 минути до крај на средбата. Но, Пешевски пак беше прецизен, 24-14 на 90 секунди до крај. Унгарците имаа напад со кој влегоа во последните 60 секунди од натпреварот. Тајмаутот на гостите им дад еможност на двата тима да најдат решение од сутуацијата во која се наоѓаат. ПИК Сегед бараше погодок за водство, кое може да им донсе најмалку реми, а Еурофарм Пелистер требаше да се одбрани за да има шанса за напад за победа.
Готфирдсон направи „почетничко пробивање“ овозможувајќи им на домаќините да го имаат последниот напад, кој можеше да им донесе триумф. Останаа 30-тина секунди, а Филип Кузмановски се избори за пенал. Радивојевиќ погоди за „делириум“ во салата. Еурофарм Пелистер водеше со 25-24
























