Тимур Дибиров на возраст од 41.години сеуште има што да каже на ракометните терени. Легендарното руско лево крило кое цели осум години го носеше вардаровиот дрес, ја игра својата втора сезона во РК Загреб каде исто така бележи добри резултати.
Дибиров е ракометар кој секогаш има што да каже и е интересен за медиумите во државите каде што настапува. Така беше и во Македонија, а така е сега и во Загреб.
Во интервју за „Индкес“, Дибиров беше запрашан да направи споредба на животот на еден ракометар во Скопје и Загреб, односно каде ракометот се прати пофанатично, и колку го препознаваат во јавноста, на што Дибиров вели:
Овде е се различно. Скопје е специфичен град кој има огромна љубов кон ракометот. Секој кафич, секое училиште, секоја бензинска пумпа.. секаде некој ќе те препознае. Но во повеќето главни градови, не само во Загреб, има многу луѓе и многу различни интереси. Не следат сите спорт, не следат сите ракомет. Во Загреб луѓето изгубија интерес за ракомет пред неколку години. Затоа моментално најважно за нас покрај резултатите кои ги остваруваме, да ја вратиме публиката на трибините. Повторно се враќа ракометната еуфорија, салата се исполнува. Но во Скопје ракометот е број 1, сите живеат за Вардар и доаѓаат на натпреварите-вели Дибиров.