Раритет: Дибиров по 21 година не настапи на меч во ЛШ!

Поранешниот ракометар на Вардар и актуелен член на Загреб, Тимур Дибиров, кој е трет најдобар стрелец во историјата во Лигата на шампионите, не настапи на вчерашниот натпревар против францускиот Нант.

Причината поради која одличното лево крило од Русија го пропушти натпреварот е повредата на потколеницата, повреда која што ја заработи на натпреварот со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.

Но и покрај повредата, тоа не го спречи да го одигра натпреварот со Барселона во „Арена Загреб“ пред да биде воочена дијагнозата. Според информациите, Дибиров надвор од терените ќе биде околу три недели, а неговиот камбек би требало да биде по ЕХФ неделата.

Дибиров во 21 година, колку што игра на одлично ниво, не пропуштил натпревар во Лигата на шампионите во дресовите на Чеховски Медведи, Вардар и Загреб.

Со тимот на Вардар на двапати ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите, во сезона 2016/17 и сезона 2018/19.