Ракометарите на Загреб ја продолжија победничката низа во Купот на Хрватска и го освоија 31. трофеј во ова натпреварување.
Момците на Андрија Николиќ во финалето на Ф4 во Пореч, го совладаа составот на Дуго Село со убедливи 27-19.
По нерешените 5-5, со серија од осум погодоци Загреб поведе со 13-5 и тука го реши прашањето околу победникот.
Најдобар стрелец во победничката екипа беше Филип Главаш со седум гола, кој беше МВП на турнирот, Гавриќ даде пет гола, а по три пати реализираа Петар Топиќ и Тимур Дибиров.
Досега во 33 изданија на Купот на Хрватска, само два тима го освоиле трофејот – Загреб има 31 трофеј, додека два има Метковиќ Јамбо во 2000 и 2001 година.