Џигероски броеше до 12, „витамините“ од Автокоманда со нов триумф

„Витамините“ од Автокоманда немаа никакви проблеми на гостувањето кај Драчево Јуниор и прославија нов триумф во Првата лига со 31-25.

На почетокот од мечот во Кисела Вода, гостите од Автокоманда поведоа со 9-1, домаќините не се предаваа, намалија на минус два во два наврати.

Но по 15-13, на стартот на второто полувреме „витамините“ се одлепија на плус девет, 24-15 и до крајот немаа проблеми да го задржат водството.

Најдобри стрелци кај победникот беа Немања Џигероски со 12 и Христијан Ѓурмешевиќ со шест гола, а кај домашните осум гола даде Филип Петровски.

Прв на табелата е Младост Богданци со 24 бода, „витамините“ се втори со 22, додека Драчево Јуниор остана трет на 18 бода.