Џигероски броеше до 12, „лавовите“ без бодови од Автокоманда

Македонија Ѓорче Петров пружи силен отпор во Автокоманда, но „витамините“ победија со 37-33 во последниот натпревар од есенскиот дел од сезоната во Првата лига.

Сега „витамините“ се израмнија бодовно со лидерот Младост со по 24 бодови, но тимот од Богданци има и натпревар помалку.

Домашните во Автокоманда водеа во текот на целиот натпревар, но „лавовите“ од Ѓорче Петров беа упорни и во вториот дел стигнаа до реми, 23-23.

Сепак во клучните моменти не беа успешни, иако голманот Стојкоски бранеше одлично. Боби Неделковски имаше седум гола, а Бојан Чакалиќ шест во составот на Оливер Димитриоски.

Во домашниот тим, Немања Џигероски постигна 12 гола и беше најзаслужен за победата.