Џек-пот за Охрид, против ривал од БиХ за осминафинале!

Денеска во седиштето на ЕХФ беше извршена ждрепката за третото коло во ЕХФ Европскиот Куп во машка конкуренција.

По елиминациите на Тиквеш и Бутел Скопје, Македонија остана само со еден претставник – екипата на Охрид, која ќе се соочи со Слога Добој во битката за пласман во осминафиналето.

Во претходната рунда ривалот на „гладијаторите“ го елиминира составот на Тенакс Добеле од Летонија.

Првиот натпревар ќе се игра на 15/16 ноември во Охрид додека реваншот е на 22/23 ноември во Добој.