Тимот на Кишварда, каде игра македонската репрезентативка Ивана Џатевска, загуби од Практикер Вац со 28-23.
Во натпреварот од 15 коло во унгарскиот шампионат, Вац го најави триумфот по првото полувреме кога водеше со 15-12.
Македонскиот кружен напаѓач Џатевска, беше најдобар стрелец во домашниот тим и постигна четири гола од шест обиди.
Кишварда останува на 11 место на табелата во унгарскиот шампионат со девет бода, а следното коло игра на гости кај Козармислењ.