Македонската репрезентативка Ивана Џатевска го одигра својот втор натпревар по трансферот во унгарскиот тим Кишварда.
Откако минатата недела дебитираше на меч од шампионатот, кружниот напаѓач викендов одигра и натпревар од Купот на Унгарија.
Во осминафиналето, Кишварда славеше убедливо на гостински терен кај ЕРД со 35-24, а Џатевска постигна еден погодок.
Покрај Кишварда во четвртфиналето се пласираа Мошонмаѓаровар, Дунајварош и МТК Будимпешта, а фаворити за следната рунда се Дебрецин и Фехервар.
Таму ги чекаат Ѓер и Ференцварош, па Кишварда и Џатевска ќе бидат во одбрано друштво.