Деветка за Павлов, пораз на „македонскиот“ Холабрун

Тимот на Холабрун, кој важи за македонска колонија во Австрија, загуби во четвртото коло од тамошниот шампионат.

Холабрун, кој е предводен од Влатко Митков од клупата, а на теренот од Филип Арсеновски и Хари Павлов, беше поразен од Фиверс со 31-30.

Павлов беше најдобар стрелец во Холабрун и успеа да постигне девет погодоци, а Арсеновски даде еден погодок.

Тимот на Митков, Арсеновски и Павлов, во следното коло ќе игра на гостински терен кај Кремс.