Левото крило Димитар Димитриоски веќе две сезони е во редовите на шпанскиот тим Ваљадолид.
Потенцира дека одлично се вклопил во екипата и дека играчки се пронаоѓа во шпанскиот систем.
„Деталите, видео-анализите, ситниците на кои се внимава тоа го прави шпанскиот систем толку добар. Тие детали решаваат натпревари и затоа во АСОБАЛ лигата, со исклучок на Барселона, другите екипи секој секого може да победи. Барса отскокнува од реалноста со финансиите и условите кои ги има, додека ние другите сме во конкурентна линија. Ако направам споредба со Македонија, тука е пожешка атмосфера на натпреварите, што малку и ми недостасува. Поемотивни се влегува и се гледаат натпреварите, повеќе енергија од трибините има, додека во Шпанија поинаку гледаат и ги сфаќаат победите и поразите. И таму се бараат резултати и има ’активни критичари’ ама некако нема толку голем притисок. Резултатите секако носат и атмосфера и публика, и оваа сезона имавме повеќе поддршка од трибините. Растеме од година во година и сакаме успех, сакаме Европа. Тоа јасно го потенцирав неколкупати во екипата и помладите соиграчи се шегуваат, велат ’поради премијата‘, им велам НЕ, туку поради тежината која ја носи нејзиното значење, за промоција и како клуб и како играчи.“
Во продолжение прочитајте го интервјуто со Димитриоски…