Деспина влезе во победнички ритам, одигра рутински и против Шампион

Ракометарките на Деспина на свој терен беа убедливи против Шампион, триумфираа со 33:20 во натпревар од 23. коло во Женската лига.

За Деспина ова беше деветти триумф во тековната сезона и со денешната победа направи прогрес на табелата, се искачи на 8. позиција, додека Шампион останува на претпоследното место.

Прилепчанки одиграа како на тренинг против скопскиот тим и до посакуваните три бодови дојдоа уште во првите дваесетина минути кога водеа со 12:3.

Шампион поради кратката ротација немаше многу сили да им се спротистави на расположените домаќинки, кои на пауза заминаа со предност од 15:7 и рутински ги одработија вторите 30 минути.

Ангела Камческа со осум и Магдалена Ѓорѓиоска  со седум погодоци беа најефикасни во прилепскиот тим. Кај гостинките прво име беше Ангела Петровска со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080