Деспина одигра за „десетка“ против Стружанка

По поразот кај Овче Поле СУ, ракометарките на Деспина им се вратија на победите во прволигашката конкуренција.

Прилепчанки славеа на домашен терен со десет гола разлика против Стружанка со 25-15, откако и на паузата имаа плус десет, 14-4.

Во победничкиот состав шанса за настап добија сите, а најдобри стрелци беа Христоска со шест и Гичева со пет гола.

Кај тимот на Стружанка, пет пати стрелаше Сејадин, додека Переска и Маркоска запишаа по четири гола.

На табелата, Деспина е на четвртото место со 18 бода, додека Стружанка останува на 14 бодови на петтата позиција.