Деспина им се врати на победите, славеше над Овче Поле СУ

Ракометарките на Деспина им се вратија на победите во Женската лига, откако во натпревар од 21. коло славеа над Овче Поле СУсо 27:23.

За Деспина ова е седма сезонска победа во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија и со денешниот триумф го зголеми бодовното салдо.

Тимот од Прилеп останува на 9. позиција, но сега има 22 бодови, додека Овче Поле СУ со девет бодови се наоѓа на 11. позиција.

Избраничките на Страшо Илиески до победата стигнаа со подобрата игра во вториот дел, откако на полувреме резултатот беше нерешен, 14:14.

Предводник во победничката екипа беше Ангела Камческа со осум погодоци, шест додаде Мери Гичева, пет постигна Лилјана Димитрова.

Во поразениот табор најефикасни со по шест погодоци беа Јована Ангеловска и Јована Конева.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080