Екипата на Деспина славеше против лидерот во плеј-аутот од Женската лига, Спартак, со 32-31 во нивниот последен натпревар сезонава.
Иако прилепчанки водеа со 31-28 во финишот, сепак Спартак стигна до реми, а стрелец на победничкиот гол за Деспина беше Цаневска. Потоа не погодуваа двете екипи, па победата остана во Прилеп.
Најдобри стрелци кај Деспина беа Цаневска со осум и Цветкоска со седум погодоци, додека кај Спартак, десет гола даде Зорица Андовска, а еден помалку Марија Стојановска.
Пелистер беше убедлив на гостувањето кај Шампион и славеше со 41-10. Моника Босилковска со 12 гола беше предводник во тимот на Борче Корлевски, додека кај поразената екипа, Фросина Консодоров имаше четири гола.
Мечот меѓу Ѓорче Петров 2 и Овче Поле СУ заврши со поделба на бодовите, 20-20, иако гостинките од Свети Николе водеа со два гола во финишот, 20-18. Најпрво Божиноска намали, а потоа во последната минута искусната Цветановска погоди од пенал за бод за домаќинките.
На табелата Спартак и Пелистер се на делба на првото место со по 18 бодови, и во последното коло ќе се реши кој ќе биде прв во плеј-аутот, а Деспина заврши на третото место со 16 бодови.