Десно крило од ГОГ пред трансфер во Магдебург

Десното крило на ГОГ, Оскар Винд, би можел да направи трансфер од соништата, пренесува данската  телевизија „ТВ2“

Според „ТВ2“, 24-годишниот ракометар е посакуван во поранешниот европски првак Магдебург, а таму би бил замена за Даниел Петерсон, кој има 32 години.

Винд би заиграл за Магдебург по завршувањето на следната сезона, односно неговата преселба од ГОГ во Бундес лигата би била во летото, 2026 година.

Младиот ракометар има договор со ГОГ до 2026, но може предвреме да го напушти данскиот суперлигаш доколку некој клуб е сериозен да го откупи.

Бундеслигашот извесен период е активен на трансфер пазарот и полека го комплетира тимот за следните две сезони.