Европскиот шампион Ѓер ја оствари втората победа во Лигата на шампионите, но мораше добро да се помачи. Избраничките на Пер Јохансон го победија данскиот Есбјерг со 31-30.
Холанѓанката Дион Хаусхер со 12 и Норвежанката Хени Реистад со 11 голови се натпреваруваа која ќе постигне повеќе, но на крајот домаќинките се израдуваа на бодовите.
Будуќност загуби кај норвешкиот Сторхамар со 11 голови разлика, а човек на мечот беше голманката на домашниот тим Ели Мари Росок, која запиша 19 одбрани со дури 58% успешност.
Унгарскиот Ференцварош загуби вторпат, овојпат на гостински терен кај ЧСМ Букурешт, за кој словенечката интернационалка Елизабет Омореги имаше осум погодоци.
Во балканскиот двобој, хрватскиот првак Подравка славеше на гостински терен кај Крим со 27-22, а најмногу по заслуга на австриската репрезентативка Катарина Панџа, кој даде десет гола за тимот на екс македонскиот селектор Ивица Обрван.
Лига на шампиони, 2 коло, резултати:
група А
Ѓер – Есбјерг 31-30
Мец – Борусија Дортмунд 38-29
Дебрецин – Глорија Бистрица 33-34
Сторхамар – Будуќност 25-14
група Б
Сола – Брест Бретањ 24-26
Крим – Подравка 22-27
Оденсе – Икаст 35-28
ЧСМ Букурешт – Ференцварош 31-28


























