Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија лесна победа над составот на Радовиш со 39-24. На средбата која се играше во „Боро Чурлевски“ наместо во „25 мај“, битолчани и со комбиниран состав беа пресилни за радовишани на чија клупа дебитираше легендарниот Игор Котевски.
Домаќините ги делат уште две победи до првото место и пренесување на три бода во суперлигашкиот плеј-оф. Во Битола доаѓа Бутел Скопје, а пелистерци одат во Прилеп во последното коло и освен ако не кикснат директните ривали, тогаш шампионот ќе ја има стартната предност во плеј-офот од еден бод пред конкурентите.
Победникот беше решен уште во првиот дел. По 1-1 и 2-2 на стартот, пелистерци направија серија од осум гола по ред за 10-2 и беше јасно каков тек ќе има овој натпревар.
Второто полувреме беше само формалност, шанса за настап добија повеќето ракометари од двата тима. Алонсо ги одмори носителите на игра, меѓу кои и капитенот Кузмановски, кои имаа напоред период последните две недели.
Најдобри покрај Манасков со по пет гола беа Борзаш, Ристевски и Петровиќ, додека кај Радовиш се истакнаа Сантош со седум и Постолов со пет погодоци.
Еурофарм Пелистер сега им се враќа на обврските во Лигата на шампионите бидејќи в четврток го игра последниот меч сезонава против ПСЖ, а пред репрезентативната пауза ќе биде домаќин на Бутел Скопје.