Во дуел на две екипи чии клубски бои се сини бодовите се поделија бидејќи мечот заврши со реми, 28-28. Имаа можност домашните да постигнат побендички гол, но за 60 секунди не направија акција која може да им донесе триумф.
Сега и двете екипи се подалеку од врвот, бидејќи само еден бод не им одговараше во намерите да бидат блиску до Вардар и во Еурофарм Пелистер. Охрид има 40 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер на третото место. Тимот од Автокоманда има 36 бода, и заостанува осум бода во однос на лидерот Вардар.
Мечот беша важен за двете екипи, домашните бараат бодови за да останат во игра за висок пласман па дури и за титула, а гостите да останат во трката и да чекаат некој кикс на другите. Разликата во бодови е голема, па затоа секој меч особено овие дерби средби мораат да се добијат.
Само што почна второто полувреме гостите поведоа со 16-13, но Охрид брзо се врати во игра, израмнувајќи на 17-17 во 37 минута, враќајќи ја неизвесноста на мечот. Кога Дарко Ѓукиќ го постигна својот 6. гол, од седум метри и му донесе водство на домаќнот од 18-17 се врати и атмосферата на трибините.
Се играше многу агресивно на двете страни, па имаше и многу исклучувања. Иако имаа играч помалку домашните конечно направиј аразлика од два гола и поведоа со 20-18 во 40 минута. Но, секоја грешка скапо се плаќа, па и водството на домашните се стопи и повторно беше нерешено, 20-20, а потоа и плус 1 за „сините од Автокоманда“, 21-20. Тоа беше сигнал за тренерот Борис Ројевиќ да бара минута одмор и да подели совети.
Брзо израмнија, па откако Пилиповиќ одбрани добија можност да поведат, и тоа го искористија дури „од втора“. Но, сега тешко некоја екипа да има шанса така лесно да се одлепи резултатски. Гостите повторно направија пресврт и поведоа со 24-23 во 48 минута.
Последните десет минути почнаа со предност на тимот на Кирил Лазаров кој преку Марко Митев поведе со 25-24. Потоа и со 26-24 во моменти кога се крши резултатот. Но и Охрид врати, и поведе со 27-26, и имаа напад за повсоко водство кое не го искористија. Кирил Лазаров бараше тајмаут пред клучните моменти кои го решаваа мечот.
Борсаш израмни за 28-28 и остануваа нешто повеќе од 60 секунди. Ненад Костески промаши од зицер, односно Пилиповиќ одбрани, а таа топка заврши во рацете на Вуко Борозан. Последните 60 секунди на мечот почнаа со реми, 28-28. Последниот тајмаут за Охрид требаше да ја даде победничката акција. Остануваа само 52 секунди, но немаше реализација, па бодовите беа поделени.
Во првото полувреме Охрид имаше водство, па гостите од Скопје вратија, и дури и поведоа во завршницата со два гола. Иван Џонов мораше да се пресели на трибините откако доби диркетен црвен картон
























