Дербито во Лигата на шампионите за Металари и Николовски!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 12 коло во Лигата на шампионите.

Двојката Исмаил Металари и Ненад Николовски ја добија одново довербата од ЕХФ и ќе судат на дерби натпреварот од групата Б.

Тие патуваат за Букурешт, каде ќе ја делат правдата на дуелот меѓу романскиот првак ЧСМ Букурешт и францускиот вицепрвак Брест Бретањ.

Овој натпревар е закажан за 08 февруари од 16:00 часот во салата „Поливалента“ во Букурешт.

Лидер на табелата е Брест Бретањ со 18 бодови, а ЧСМ има 14 на четвртото место, па овој дуел е шанса да фати приклучок за првите две позиции што водат директно во четвртфиналето.