Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.
Двојката Исмаил Металари и Ненад Николовски одново добија доверба од европската куќа на ракометот.
Тие ќе го судат дерби натпреварот меѓу Мец и европскиот првак Ѓер што досега нема ниту еден загубен меч во сезоната.
Овој интересен двобој на двете најдобри екипи од групата А е закажан за 10 јануари од 16:00 часот во Мец.

























