Средбата во Битола требаше да биде дерби на колото, но кај Еурофарм Пелистер се виде подготвеноста да се добие тој меч против Охрид и да се биде поблиску до врвот. Актуелниот шампион на домашен терен триумфираше со 25-22 (14-9) и се израмни по бројот на бодови со Охрид и Вардар, на делба на второто место на табелата.
Сега четири екипи се издвоија како најсериозни каднидати меѓу кои треба да се бараат и носителите на трофеите, иако има уште многу да се игра во текот на превенството, и само неколку дерби средби се одиграа.
Охрид имаше лоша генералка пред првиот европски меч следната недела на домашен терен, и после пет месеци првпат е поразен во домашното првенствот. Претходно во мај загуби од Вардар во Скопје, а сега имаше убава прилика со евентуелни бодови од Битола да направи уште посериозен чекор и да се наметне како фактор кој ќе решава и за титулата.
Направи премногу технички грешки особено во првото полувреме, кога ривал ја направи предноста од тогашните максимални „плус 5′ гла.
Филип Кузмановски одигра симултанка во првото полувреме против Охрид, постигнувајќи осум гола, еден помалку од вкупниот број на погодоци на гостите за 30 минути. Два од пенал, и шест од игра, понесувајќи го епитетот на вистински лидер на тимот.
Битолскиот тим за десет минути од 13 до 23 минута направи серија од 5-0 со која поведе 9-4, ставајќи му на знаење на гостинот дека бодовите ќе останат дома. Но, така не мислеше Охрид и за неколку минути и три гола на Ојлески и еден на Мациока го намалија резултатот на 10-8.
Исклучувањето на Бојаниќ во 27 минута малку го поремети тој ритам, па двапати имаа гостите загубена топка, и она за што успеаја да се изборат, сега пак им изгледаше како тешка мисија. Еурофарм Пелистер повторно ги имаше максималните „плус 5′ за водство 13-8, а Филип Кузмановски во последните секунди ја постави разликата на тие пет гола во нивна корист.
Во второто полувреме разликата во користа на Еурофарм Пелистер порасна до „плус 8“, и немаше никаква дилема околу победникот. Во замата завршница малку драма, откако Охрид ја стопи негативата и дојде до 24-22 во последната минута. Но, немаше време за пресврт, и бодовите останаа во Битола.
Филип Кузмановски со 10 гола беше лидер кај домашните, а Павле Атанасијевиќ даде 4 гола. Во екипата на Охрид, Хирохи Мауцока и Гоце Ојелски дадоа по пет гола.