Дербито на 3 коло од Супер лигата меѓу Вардар и Охрид нема да се игра во СЦ „Јане Сандански“ поради зафатеност на салата.
Натпреварот меѓу „црвено-црните“ и „гладијаторите“ е закажан за 20 септември од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Домот на Вардар, СЦ „Јане Сандански“, односно малата и големата сала ќе бидат зафатени во следниот период со натпревари од други спортови.
Претходно Вардар ќе гостува кај Еурофарм Пелистер 2 во втората рунда од елитната конкуренција, додека Охрид ќе ја пречека Струга во езерскиот двобој.