Дербито кај пионерите заврши со реми

Во првото коло од машката пионерска лига дербито на колото беше во група А каде екипите на Струга и Вардар одиграа нерешено, 19-19. Домаќините водеа со 13-6 на полувреме, а во самата завршница на мечот вардарци израмнија на 18-18. Голот за израмнување го постигна Амбарков на 24 секунди до крај на средбата од пенал.

Војо Клењоски кој игра и за сениорскиот тим нa Струга беше најпрецизен на средбата со 8 гола, а кај гостите еден помалку даде Никчевиќ.

Само две екипи постигнаа триумф на гостински терен, Мулти Есенс кај Прилеп (25-11) и Тиквеш кај Радовиш (28-11).

Најпрецизен беше Јаков Атанасовски од Македoнија ЃП кој даде 13 гола на дуелот со Шампион. Еден помалку постигна Лео Андовски од Мулти Есенс. Двоцифрени во првото коло беа и Михаел Милановски (Куманово) и Димитар Трајковски (Македонија ЃП):

РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А

Охрид – Динг 22-16
Струга – Вардар 19-19
Прилеп – Мулти Есенс 11-25
Пролет – Бутел 26-11

ГРУПА Б
Македонија ЃП – Шампион 45-4
Куманово – Гемиџии 29-19
Еурофарм Пелистер 2 – Младост 19-8
Радовиш – Тиквеш 11-28

Следно коло
Група А
Мулти Есен – Вардар
Еурофарм Пелистер – Струга
Динг – Преспа
Бутел – Охрид
Прилеп – Пролет

Група Б
Младост – Алкалоид
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2
Шампион – Радовиш
Куманово – Македонија ЃП