Претстојниот викенд љубителите на ракометот ќе имаат можност да уживаат во меѓусебни натпревари на „големата четворка“ во Супер лигата.
В сабота вицепрвакот Вардар ќе му гостува на Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“, а натпреварот ќе започне од 19:30 часот.
Двете екипи влегуваат во овој натпревар по успешните европски настапи што ќе биде мотив плус за избраниците на Иван Чупиќ и Борис Ројевиќ да го извадат најдоброто од себе.
В недела шампионот Еурофарм Пелистер ќе го пречека тимот на Кирил Лазаров, кој оваа сезона не игра на посакуваното ниво и веќе се размислува за нови имиња во Автокоманда.
Натпреварот меѓу пелистерци и „сино-белиот“ состав ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:00 часот.
На табелата, води екипата на Вардар со 26 бодови, втор е шампионот Еурофарм Пелистер со 23 бода, додека трет е Охрид со 21, а на четвртата позиција се „сино-белите“ од Автокоманда со 20 бодови.
























