Денеска со натпреварот меѓу Деспина и Шампион ќе стартува вонредното 9. коло во Женската лига. Ова коло е претпоследно од регуларниот дел од сезоната, а утре ќе се знае кој ќе биде последниот патник во плеј-оф фазата.
Ракометарките на Металург Автокоманда во 9. коло на свој терен ќе го пречeкаат поранешниот шампион Куманово. Домашниот тим во досегашниот тек од сезоната нема пораз и се очекува на денешниот дуел да ја продолжи победничкат серија.
На дуелот во Прилеп, домаќинките се големи фаворитки, ист е случајот со Чаир на гостувањето кај Скопје, како и на дуелот меѓу Вардар и Спартак, каде домашните се пред нови бодови.
Битолчанки исто така се надеваат на бодови од гостувањето во Свети Николе, додека мечот на колото се игра во Штип, каде домашниот Астибо оди по триумф над младиот состав на Ѓорче Петров 2, што ќе го однесе во плеј-офот меѓу најдобрите шест.
Женска лига, 9. коло, распоред:
06.11, 19:30, ДЕСПИНА – ШАМПИОН
06.11, 20:00, МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО
07.11, 18:00, АСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2
07.11, 18:00, СКОПЈЕ – ЧАИР
07.11, 18:00, ВАРДАР – СПАРТАК
07.11, 19:00, ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР