Денеска почнуваат квалификациите за СП 2025, Македонија на терен во април

Денеска ќе стартуваат квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во Германија и Холандија во 2025 година.

12 селекции што не играат на ЕП 2024, ќе играат во првата фаза поделени во четири групи по три, од кои само првопласираната ќе се пласира во вториот бараж за СП.

Македонија како една од селекциите што играат на ЕП 2024 има директен пласман во вториот бараж, но од пласманот на континенталниот собир ќе зависи во кој шешир ќе бидеме за ждрепката.

Квалификации за СП 2025, прва фаза:

група 1: Грција, Литванија, Велика Британија (Сиаулиаи- Литванија)
група 2: Косово, Босна и Херцеговина, Белгија (Хаселт – Белгија)
група 3: Финска, Израел, Естонија (Карис – Финска)
група 4: Италија, Луксембург, Бугарија (Киети – Италија)

Покрај Македонија, во вториот бараж се пласирани уште Норвешка, Данска, Шведска, Црна Гора, Шпанија, Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Чешка, Полска, Србија, Австрија, Швајцарија, Украина, Исланд, Словачка, Португалија, Турција и Фарски Острови.

Дополнително од 21 селекција, трите најдобро пласирани од ЕП 2024 ќе обезбедат директен пласман на СП 2025, што значи ќе останат уште 18. Тие 18 заедно со четири победници на квалификациските турнири од првиот бараж, ќе формираат 11 двојки, чии победници ќе одат на СП 2025.

Ждрепката за паровите ќе се одржи на 14 декември на завршниот викенд од ЕП 2024 година, а бараж средбите ќе се играат во април 2025 година.