Денеска во Лигата на шампионите се играат четири средби во Данска, Норвешка, Словенија и Полска.
Два од овие четири меча, може да бидат решавачки околу последните патници во осминафиналето, иако ќе останат за играње уште два дуели до крајот на групната фаза.
Норвешкиот Колстад го пречекува Загреб во натпревар од 18:45 часот, додека Висла Плоцк игра дома со Монпелје од 20:45 часот во обид да го фати последниот воз за елиминациите.
Отпишаниот Целје се среќава со европскиот првак Магдебург, додека Алборг во борбата за што подобра позиција игра со унгарскиот ПИК Сегед, кој не е сигурен за место во елиминациите.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 АЛБОРГ – ПИК СЕГЕД
18:45 ЦЕЛЈЕ – МАГДЕБУРГ
18:45 КОЛСТАД – ЗАГРЕБ
20:45 ВИСЛА ПЛОЦК – МОНПЕЛЈЕ