Денеска со натпреварот меѓу актуелниот европски шампион Магдебург и европскиот вицепрвак Келце ќе започне големата борба за Ф4 турнирот во Келн.
Интересен четвртфинален двобој се очекува да има и меѓу екипите на Монпелје и Кил, а преостанатите два натпревари од четвртфиналето ќе се одиграат утре.
Реванш дуелите од четвртфиналето се закажани за 1 и 2 мај, по што ќе бидат познати четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.
На денешната програма ќе има три натпревари од 21. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
21. коло ќе го отворат Металург Автокоманда и Шампион, потоа ќе играат Пелистер и Вардар, односно Деспина и Овче Поле СУ.
Останатите натпревари од 21. коло ќе се одиграат в четврток, додека дербито меѓу Чаир и Куманово е закажано за 30 април.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ЧСМ – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)
17:00 БАЈА МАРЕ – БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)
17:00 ПАОК – АЕК (ГРЦИЈА)
17:00 ТОЉАТИ – ЧЕРНОМОРОЧКА (РУСИЈА)
17:30 ДИНАМО – РОСТОВ (РУСИЈА)
17:30 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 НЕКА – ФЕРЕНЦВАРОШ (УНГАРИЈА)
18:45 КЕЛЦЕ – МАГДЕБУРГ (ЛШ)
19:00 ДЕСПИНА – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – КИЛ (ЛШ)
21:40 АФТУРЕЛДИНГ – ВАЛУР (ИСЛАНД)