Денеска во центарот на вниманието ќе бидат натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.
Најинтересно би требало да биде на дуелот во Германија, каде што Магдебург ќе го пречека актуелниот европски првак Барселона.
Во Загреб ќе гостува францускиот Нант, а хрватскиот првак со новиот тренер ќе посакува уште еден триумф со кој ќе се врати во битка за осминафиналето.
Возбудувања треба да има и во Данска, каде Алборг ќе игра против полскиот Келце, а Колстад ќе го пречека ПИК Сегед.
Денеска стартува и африканското првенство за жени, а продолжуваат натпреварите и на првенството на Средна и Јужна Америка.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 АЛБОРГ – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КОЛСТАД – ПИК СЕГЕД (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ЗАГРЕБ – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 МАГДЕБУРГ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
08:00 СЕНЕГАЛ – КЕНИЈА (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)
10:00 АЛЖИР – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)
12:00 ГВИНЕЈА – КАМЕРУН (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)
14:00 АНГОЛА – ТУНИС (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)
16:00 КОНГО – ЕГИПЕТ (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)
19:30 ДР КОНГО – УГАНДА (АФРИКАНСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 ЕЛ САЛВАДОР – ЧИЛЕ (ПРВЕНСТВО НА СРЕДНА И ЈУЖНА АМЕРИКА)
20:30 АРГЕНТИНА – УРУГВАЈ (ПРВЕНСТВО НА СРЕДНА И ЈУЖНА АМЕРИКА)
23:00 БРАЗИЛ – ПАРАГВАЈ (ПРВЕНСТВО НА СРЕДНА И ЈУЖНА АМЕРИКА)