ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Загреб домаќин на Келце, Дибиров го игра последниот натпревар во ЛШ!

Легендарниот Тимур Дибиров денеска ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите. Левото крило заедно со Загреб ќе се соочат со полскиот гигант Келце во натпревар од последното коло од групната фаза од Лигата на шампоните.

За Загреб натпреварот со Келце нема да има никакво резултатско значење, бидејќи избраниците на Петковиќ со поразот од Алборг во минатото коло ги загубија шансите за евентуален прогрес во најквалитетното натпреварување во Европа.

Раководството на Загреб ги повика своите навивачи да дојдат во што поголем број за последниот натпревар на Тимир Дибиров. Русинот во хрватскиот шампион пристигна во текот на 2022 година од редовите на Вардар.

Во таборот на „црвено-црните“ настапуваше девет сезони и со Вардар на двапати ја освои титулата во Лигата на шампионите, во сезона 2016/27 и сезона 2018/29.

На денешната програма во Лигата на шампионите ќе има уште два дуели, ќе играат Барселона и Колстад, односно Нант и Алборг. По одиграните натпревари, ќе биде познато дали Келце ќе го продолжи настапот на европска сцена.

Распоред на денешните натпревари во ЛШ:
18:45 БАРСЕЛОНА – КОЛСТАД
18:45 МАГДЕБУРГ – ПИК СЕГЕД
18:45 ЗАГРЕБ – КЕЛЦЕ
20:45 НАНТ – АЛБОРГ