ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Втор предизвик за младинките – Исланд на македонското мени

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот меч на Светското првенство, кое се одржува во Скопје.

По убедливата победа над САД во рамки од првото коло, избраничките на Дарко Јанев за втор ривал ја имаат репрезентацијата на Исланд.

Токму со победа над островска зема „црвено-жолтите“ ќе обезбедат пласман во главната фаза, во која ќе играат најдобрите две репрезентации од секоја група.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд е закажан за 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Влезот за сите љубители е слободен.

На денешната програма на Светското младинско првенство ќе има уште седум дуели, по што ќе бидат познати речиси сите патници во главната фаза.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:15 ЦРНА ГОРА – ГВИНЕЈА
11:15 САД – АНГОЛА
13:30 АЛЖИР – ШВЕДСКА
13:30  УЗБЕКИСТАН – ПОРТУГАЛИЈА
15:45 ЧЕШКА – КИНА
15:45 СРБИЈА – ФРАНЦИЈА
18:00 ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА
18:00 МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД